Кралскиот тим го надмина мини кризниот период од два нерешени реезултати во низа во шпанска Примера и со сигурни 3-1 го совлада Еспаљол.

Иако и овој натпревар тргна лошо за тимот на Анчелоти, па гостите од Еспањол уште во осмата минута дојдоа до шокантна предност преку Хоселу. Сепак Реал успеа брзо да се врати. Најпрвин Винициус во 22-та минута на асистенција на Крос изедначи на 1-1.

Пред крајот на полувремето ,,Кралевите”  во 39-тата минута дојдоа до целосен пресврт преку Милтао, кој погоди за 2-1.
Вториот дел помина во знакот на Реал Мадрид, а конечните 3-1 ги постави Асенсио во 93-тата минута.

Реал со оваа победа се врати на победничките патеки и ја намали негативата во однос на Барселона, па сега тимот на Анчелоти има 56 бода, шест помлаку во однос на лидерот.