Втората екипата на МЗТ Скопје У.Б. забележа победа да гостувањето кај Охрид во натпревар од 18.коло на Втората машка кошаркарска лига.

Иако според резултатите, а пред се пласманот на табелата, домаќините ја имаа благата улога на фаворит, сепак аеродромци благодарение на одличната игра во последната четвртина стигаа до важна победа, со која остануваат во игра за плејофот.

По израмнетата три периоди во кои првиот и третиот им припаднаа на домашните кошаркари со 18-17 и 21-17, а вториот на аеродромци со 15-20, во последната четвртина се влезе со израмнет резултат 54-54. Во последната МЗТ на противникот му дозволи да постигне само 4 поени, додека на спротивната страна уфрлија 15, па заслужено „штрковите“ славеа со осум поени разлика.

Лидерот на табелата Вардар ја потврди фаворитската улога и со 54 поени разлика го совлада последно пласираниот тим на Струга кој останува единствената екипа без победа во досегашните 18 одиграни натпревари.


Денеска се одигра и дербито на колото, во кое штипски Соколи славеа над Ангели во мечот за втората позиција на табелата, на која претендира и Работнички, кој утре гостува во Велес.

ВТОРА ЛИГА – 18.КОЛО
САБОТА

АНГЕЛИ – СОКОЛИ 75-82
ВАРДАР – ЦРН ДРИМ 116-62
ОХРИД – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 75-82
НЕДЕЛА
ВОДНО САНС – МКК КУМАНОВО (15 часот)
БОРЕЦ БАСКЕТ – РАБОТНИЧКИ (19.30 часот)
ПЕТОК
БАСКЕТ КАМ – ШКУПИ 67-81

#TАБЕЛАБОДОНПОБПОР
1ВАРДАР3318153
2СОКОЛИ 1933118135
3АНГЕЛИ3018126
4РАБОТНИЧКИ2917125
5ГКК ОХРИД2818108
6ВОДНО САНС261798
7МКК КУМАНОВО261798
8МЗТ СКОПЈЕ УБ2618810
9ШКУПИ2618810
10БОРЕЦ БАСКЕТ2417710
11БАСКЕТ КАМ2118315
12ЦРН ДРИМ1818018