Македонската ракометна репрезентација денешниот ден ќе го мине на релација Скопје – Загреб – Цирих – Порто, каде треба да стигне во попладневните часови, во пресрет на утрешниот дуел со Португалија во Матосињос. По пораз 23:29 во Скопје и на утрешниот натпревар репрезентацијата на Португалија ја има фаворитската улога. Со триумф Португалија ќе го направи првиот чекор и обезбедување пласман на Европското првенство и тоа како првопласирана репрезентација од групата 1.
На македонската репрезентација секако ништо нема да биде загубено, особено што шансите за освојувањето на второто место во групата се големи бидејќи Македонија е фаворит во однос на дуелите со Луксембург на гости и со Турција дома што ќе се играат кон крајот на месец април.
Почетокот на натпреварот утре е во 18:30 часот.