Дерби дуелот од 18.коло во Втората машка кајакарска лига, одиграно попладнево во Скопје, во кое Ангели беа домаќини на Соколи, го добија гостите од Штип.
Сигурно еден од најинтересните дуели сезонава во оваа конкуренција во кој двата тима имаа свои периоди на добра игра, но повеќе тоа го имаа гостите, кои во најголемиот дел од мечот беа во предност, а највисоката +12 ја имаат во 14-тата минута.
На четири минути пред крајот Соколи водеа со +8, но домашниот состав на со серија од 9-1, го презеде водството 71-70. Но, тука Ангели застанаа па до крајот уфрлија само 4 наспроти 12-те поени на штипјани, кои на крајот сосема заслужено се радуваа на триумф со конечни 75-82..
Со оваа победа, една повеќе од Ангели (12-6), екипата на Соколи е сега сама на втората позиција на табелата со скор 13-5, а шанса да им се приклучи на штипјани утре ќе има Работнички доколку победи на гостувањето во Велес.
Денеска на програмата се уште два натпревари.
ВТОРА ЛИГА – 18.КОЛО
САБОТА
АНГЕЛИ – СОКОЛИ 75-82
ВАРДАР – ЦРН ДРИМ (17 часот)
ОХРИД – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. (18 часот)
НЕДЕЛА
ВОДНО САНС – МКК КУМАНОВО (15 часот)
БОРЕЦ БАСКЕТ – РАБОТНИЧКИ (19.30 часот)
ПЕТОК
БАСКЕТ КАМ – ШКУПИ 67-81