Македонскиот напаѓач во редовите на унгарски Дебрецин, Дориан Бабунски повторно се запиша во листата стрелеци и донесе победа за неговиот тим на гостувањето кај Кишварда.
Бабунски го почна натпреварот од почеток а во 48-та минута ја затресе противничката мрежа за водство од 0-1, резултат што на крајот се покажа и како конечен.
Ова е многу значајна победа за неговиот тим, со оглед на тоа што токму Дебрецин и Кисварда водат борба за третата позиција на тебелата, место кое носи излез во евро-куповите. Со овие три бода, Дебрецин го помина денешниот противник на табелата и сега се наоѓа на третата позиција со 34 бода, два помлаку во однос на второпласираниот Кечкемети.
За Дориан Бабунски ова е 10-ти погодок оваа сезона, а дури шести на последните шест натпревари, што е одлична увертира пред репрезентативата пауза и добра вест за Благоја Милевски. Токму Бабунски и Миовски кој исто така игра одлична сезона се очекува да го предводат нападот на Македонската репрезентација.
Бабунски е најдобар стрелец на неговиот тим а четврти во најдобрата унгарска лига.