Сините на Потер фатија победнички ритам и со трета победа во низа во сите натпреварувања делуваат како да ја пронајдоа потребната форма.
Бен Килвел во 11-тата минута го искорсти нафрлувањето на Кулибали и донесе предност од 0-1.
Жоао Феликс во 34-тата постигна гол за 0-2, но неговата радост ја расипа ВАР технологијата која сигнализираше офсајд.
Пет минути подоцна стигна казната, откако Патсон Дака во 39-тата изедначи на 1-1.
Сепак Челзи успеа на полувреме да замине со предност со голот на Хаверц во шестата минута од надополнувањето.
Во 75-тата минута огромна радост на клупата на Челзи донесе првиот гол на Михаил Мудрик, но повторно ВАР технологијата реагираше и голот беше поништен поради офсајд.
Конечните 1-3 ги постави Каи Хаверц во 78-та минута.