Екипата на ТФТ Моцарт го претрпе и деветиот пораз во регионалната АБА 2 лига.

НА средбата од претпоследното 12.коло од групната фаза ТФТ загуби од Борац Бања Лука.

Поразот беше најавен уште по првото полувреме кое Борац го доби со 13 разлика 51-38.

Со скратен ростер, во отсуство на повредените странци, екипата од скопската населба Тафталиџе и не можеше да се спротивстави повеќе на подобриот противник, кој на крајот славеше со конечни 91-75 .

Во ваква ситуација тренерот Боро Смилковски шанса му даде и на 18-годишниот Михаил Стојанов, кој одигра борбено, храбро и би рекле зрело, за своето деби, па најави дека на него Смилковски и тоа како може да смета во иднина.

Во редовите на ТФТ најефикасен беше Виктор Ташовски со 20 , додека Костовски и Зафиров придодадоа по 12 поени.

Во победничката екипа настапи младиот македонски репрезентативец Теодор Симиќ, кој не доби некоја позначителна минута, па на теренот мина нешто повеќе од 9 минути, период во кој постигна 4 поени.

Последниот свој натпревар во дебитантската сезона ТФТ Моцарт ќе го одигра во сабота напладне од 12 часот а противник ќе ми биде составот на Хелиос Санс.