Осмо мартовското дерби во Првата лига, меѓу Струга Трим Лум и Шкупи, сигурно ќе внијае многу за конечниот пласман на табелата, па и освојувањето на шампионскиот трофеј во македонското фудбалско првенство.
Двете екипи лошо го започнаа пролетниот дел. Стружани на трите средби ремизираа, по што уследи и промена на тренерското место. Чаирчани пак не го искористија тоа за да ги симнат од врвот на табелата.
Стружани се „острат„ за утрешната пресметка и најавуваат дека подготвено го чекаат шампионот.
“Натпреварот против Шкупи ќе биде еден од најтешките натпревари. Играме против актуелниот шампион, така што пристапот и сериозноста на тимот мора да бидат на високо ниво. Работевме многу добро со новиот тренер Шпетим Дуро овие денови, па силно веруваме дека со максимална посветеност ќе успееме да го добиеме она што го сакаме“, вели Бесарт Кривањева.
Дербито меѓу Струга Т.Л. и Шкупи на програмата е утре од 14 часот, термин во кој ќе се играат и останатите четири средни од 22-то коло, во кои ќе се сретнат:
СИЛЕКС – БРЕГАЛНИЦА
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ
А. ПАНДЕВ – ПОБЕДА
СКОПЈЕ – МАКЕДОНИЈА ЃП
Слободен во ова коло е ТИКВЕШ.