За рубриката „верувале или не“
Речиси и да не памтиме кога на ракометен натпревар еден тим стигнал до бројката од 50 постигнати голови.
Е само еден им фалеше на ракометарите на Вардар да ја стигнат таа бројка.
Имено ракометарите на Аеродром во натпревар од 16-коло во прволигашката конкуренција, славеа убедлива победа со дури40 гола разлика 49:9 на гостувањето во Велес кај Борец.
Таков беше текот на овој натпревар доволно говори податокот дека избраниците на Дарко Петровски кои отворија со 6-0, до крајот на полувремето примија само два гола па на пауза се замина со резултат 25-2.
Дека на аеродромци „им лежи“ Борец, потврдува и фактот дека ова втор натпревар во кој РК Аеродром постигнува над 40 голови против велешани, кои веќе еднаш беа совладани со 25-45.
Како изгледаше сето тоа на горе споменатиот натпревар, може да погледнете овде.