Петер Превц домашниот фаворит за златен медал во ски-скокови на Светското првенство во нордиски дисциплини што се одржува во словенечкиот ски-центар Планица.
Превц имаше страотен пад на тренингот, по што заври во болница.
Според информациите од Ски федерацијата на Словенија, Превц е во добра состојба и минал со неколку модрици и благ потрес на мозокот.
Словенските медиуми информираат дека можна причина за овој пад на Превц е лошо наместената десна скија, која се откачила и поради која ски=скокачот веднаш загубил рамнотежа.
Повеќе од сигурно е дека Превц кој во 2015 година оствари скок од 248,5 метри што е рекорд на оваа скокалница, нема да настапи на натпреварот закажан за 5 март.