Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски преброди тежок период на слаба минутажа и лош напаѓачки учинок, па на последните два натпревари, два пати се запиша во листата стрелци.
Трајковски изминатиот викенд беше стрелец на единствениот погодок на Ал Фејха на гости кај Ал Тавон, со што донесе бод за својата екипа.
Покрај голот, Трајковски одигра одличен натпревар, во кој уште неколку пати се закани кон противничкиот гол и креираше шанси кои за жал неговите играчи не ги искористија. Таквиот учинок му донесе висока оценка и место во идеалниот тим на колото во Саудиската Премиер Лига.
Покрај Трајковски, во тимот на колото е и првата ѕвезда на лигата, португалскиот Ас, Кристијано Роналдо. Имено Роналдо даде хет-трик во едно полувреме за Ал Наср, па сосема очекувано се најде во шпицот на идеалниот тим.
👏 التشكيلة المثالية لجولة #يوم_التأسيس من الشريك الإحصائي لـ #دوري_روشن_السعودي "أوبتا" 🌟 pic.twitter.com/sBx0yFywfF
— دوري روشن السعودي (@SPL) February 27, 2023