Пелистер обезбеди уште едно засилување во пресрет на клучниот дел од сезоната во кошаркарскиот шампионат, потпишувајќи договор со Никола Силаџи.
Станува збор за кошаркар висок 205 сантиметри кој треба да помогне во борбата под обрачите.
Тој е добро познат во македонската кошаркарска јавност бидејќи со успех настапуваше за Кожув и за Гостивар, а вториот дел од сезоната 2020/21 веќе ги бранеше и боите на Пелистер.
Тој го мина првиот дел од сезонава во српскиот шампионат, но ја прифати понудата за камбек меѓу битолчани и ќе му биде на располагање на тренерот Илиевски за борбата за што повисок пласман.
Силаџи, кој е роден во 1992 година во Србија и настапува на позицијата крилен центар, зад себе има искуство во екипи од БиХ, Унгарија, Србија и Словачка, а последната сезона ја мина во Романија