Македонската кошаркарска репрезентација дефинитивно во август месец ја очекуваат натпревари во претквалификациите за Олимписките игри во Париз.
Оваа е потврдена одлука на Светоста кошаркарска федерација (ФИБА), која на на Бордот закажан за 29 април, треба да реши која ќе биде последната европска селекција, покрај Македонија, Полска и Португалија, што ќе игра на еден од петте турнири.
Најверојатно ФИБА тогаш ќе решава и каде ќе се одржуваат турнирите, имајќи во предвид дека допрва претстои процесот на пријавување за организација.
Според планот, 40 репрезентации ќе бидат поделени на пет турнири на кои ќе настапуваат во по две групи, по што само победникот од секој од турнирите (пет) ќе се избори за главните квалификациски олимписки турнири што ќе се одрекуваат во 2024 година.
Меѓу моќните противници на црвено-жолтите се и „кошаркарските велесили“ како: Мали (Африка), Чиле, Куба и Девствените Острови (Америка), Кинески Тајпеј, Индонезија, Кореја и Сирија (Азија).
Едно е сигурно дека македонската репрезентација, летово, во периодот од 12 до 20 август ќе има активности, по кои ќе следува пауза до ноември за кога е закажан првиот круг од квалификациите за Европското првенство 2025 година.