Томи Фјури полубратот на Тајсон донесе нов шампионски појас во фамилијата Фјури.
Во борбата одржана арената „Дирија“ во Саудиска Арабија, Томи кој е позната британската риалити ТВ ѕвезда од шоуто „Лав Ијсланд“, со одлука на судиите го победи американскиот „јутубер“ Џејк Пол.
За Американецот ова беше прв пораз во кариерата, а Томи ја продолжи победничката серија од 9 меча во низа без пораз.
Покрај неговиот полубрат Тајсон Фјури, кој е актуелниот шампион во тешка категорија на ВБЦ верзијата, од познатите личности мечот во живо го следеа и легендарниот некогашен боксерски првак Мајк Тајсон , како фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо, кој неодамна му се приклучи на саудискиот клуб Ал Наср.
Тафсон Фјури во нему препознатлив стил, ги „закачи“ браќата јутубери Пол дека изгубиле многу пари на овој меч, бидејќи таткото на Фјури прифати борбата да биде на „се или ништо“ па Томи си заминува побогат за 4 милиони долари. Но, неговиот полубрат Тајсон призна дека тој загубил пари бидејќи се кладел дека Томи ќе го нокаутира својот противник.