Лионел Меси го понесе признанието најдобар фудбалер на светот за 2022 година.
На гала свеченоста одржана во Париз, Аргентинецот кој ја предводеше својата земја до титулата шампион на Светското првенство во Катар и сосема заслужено го доби признанието на ФИФА „The Best – 2022“. Во конкуренција за ова признание беа и неговиот клупски колега и најдобриот стрелец на Мундијалот во Катар, Килијан Мбапе како и неговиот сонародник и најдобриот играч за минатата сезона во Лигата на шампионите Карим Бензема.
За Аргентинецот ова е седми пат да го понесе ова престигна признание.
Кај дамите во конкуренција на Англичанката, Бет Мид и Американката, Алекс Морган признанието и припадна на шпанската фудбалерка на Алексија Путелас фудбалерката која со својата Барселона Лигата на шампионите и по втор пат во кариерата го понесе ова признание, втора година во низа, откако и лани беше прогласена за најдобра во светот.
Во можеби нај атрактивната категорија односно за признанието „Ференц Пушкаш“ што се доделува за најубавиот гол во сезоната признанието му припадна на полскиот фудбалер со инвалидитет Марцин Олески.
Во останатите категории добитници се: Голманот на Астон Вила и аргентинската репрезентација, Лаутаро Мартинез. Најдобрите тренери во машка и женска конкуренција, заминаа во рацете на Сарина Вигман кај дамите и аргентинскиот селектор Лионел Скалони.