Екипата на Болоња забележа победа над Интер со 1-0 во натпревар од 24.коло на Серија А, со што му заврши голема работа на Наполи во трката за титулата во италијанскиот шампионат.
Во првиот дел односно 12-минута домаќините постигнаа гол кој беше поништен порази офсајт, но воедно со тоа најавија дека гостите од Милано ќе имаат тешка задача на овој дуел.
Клучнот момент се случи во 76-тата минута кога акцијата на Холанѓанецот, Шутен, на вистинското место беше Рикардо Орсолин кој го совлада Онана за водство на Болоња од 1-0.
Иако „неро-аѕурите“ се обидуваа да стигнат до израмнување, сепак тоа не им успеа па Интер го претрпе осмиот пораз сезонава со што е се подалеку од трката за „скудетото“ со Наполи кој сега има 18 бодови повеќе.