Комплетирана е третата рунда во ракометната Супер лига во двете конкуренции.

Во плеј-офот, односно разигрувањето за титулата, три победи забележаа домашните екипи, а единствената условно гостинска беше онаа на Еурофарм Пелистер во „братското дерби“ во кое помладиот тим ја имаше улогата на домаќин.

Во Автокоманда, составот на Алкалоид стигна до првата победа во плејофот, совладувајќи го Тинекс Пролет со 27-21. Михајло Младеновиќ со 5 гола и Марко Митев кој постигна 4 беа најефикасните во победничката екипа додека кај поразената по 4 гола постигнаа, Ласко Андоновски и Томислав Димковски.

Предводени од Стахиња Симиќ и неговите 7 погодоци, Тиквеш оствари нова победа. Совладан е Охрид со 28-24, тим за кој Владимир Бојаниќ исто така беше стрелец на 7 гола.

Потсетување во петокот Вардар го надигра Бутел со 36-18, а во дуелот на двата тима на Еурофарм Пелистер подобар беше првиот тим со 29-16.

ТАБЕЛА:
1 Вардар 12 бодови
2 Еурофарм Пелистер 12
3 Тиквеш 7
4 Алкалоид 6
5 Еурофарм Пелистер 2 4
6 Охрид 3
7 Пролет 62 2
8 Бутел Скопје 1

Во плеј-аут конкуренцијата беа постигнати следниве резултати:
КУМАНОВО – ГОЛДЕН АРТ КЛ7 26 – 25
ПРИЛЕП – СТРУГА 31 – 28
ВАРДАР НЕГОТИНО – СКОПЈЕ 26 – 24
ЈУНИОР К.В – РАДОВИШ 31 – 21

ТАБЕЛА:
1 Куманово 10
2 Прилеп 8
3 Скопје 8
4 Вардар Неготино 7
5 Голден Арт КЛ7 6
6 Јуниор К.В. 3
7 Струга 3
8 Радовиш 2