Динамо Загреб маршира кон нова титула во Хрватската прва лига.
Иако требаше да биде неизвесно дерби, со оглед на тоа дека Динамо и Хајдук ср прв и втор тим во оваа сезона, сепак Загребскиот тим покажа сила и со убедливи 4-0 лесно дојде до три бода.
Голеадата на Динамо ја започна Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми во осмата минути.
Само две минути подоцна, Адеми беше во улога на асистент а Мартин Батурина го совлада Карло Сентиќ.
Прашањето на победникот беше затворено уште во 38-та минута кога Лука Иванушец го искористи додавањето на Батурина и донесе големи 3-0.
Динамо продолжи во силно темпо и во вториот дел, а Лука Иванушец со својот втор погодок во 63-тата минута зголеми на 4-0, резултат што на крај се покажа и како клучен.
Македонските репрезентативци во редот на Динамо Загреб, Стефан Ристовски и Аријан Адеми се најдоа во стартниот тим на Анте Чачиќ и ги одиграа сите 90 минути.
Динамо Загреб сега има 55 бода ја зголеми предност пред Хајдук кој е второпласиран со 44.