Бојан Миовски продолжува со одличните настапи во шкотскиот фудбалски шампионат. Македонскиот репрезентативец постигна нов погодок во дресот на Абердин во шкотската Премиер лига.
Со голот на Миовски во 44-тата минута, тимот на Абердин поведе со 1-0 дуелот со Ливингстон кој се игра во рамките од 27-то коло.
За Миовски ова е веќе 15 гол сезонава и тој е трет стрелец во шкотската лига зад Јапонецот, Фурихаши од Селтик кој има постигнато 19 и Шанкланд од Хартс со 17 годови.