Додека македонската спортска јавност е насочена кон настапот на нашите кошаркари во претквалификациите за Евро-баскетот, светската ги следи натпреварите во вториот круг од квалификациите за Светското првенство што ќе се одржи претстојното лето.
Во европската зона, остануваат само уште три слободни места за Мундијалот.
Иако селекцијата на Србија загуби на гостувањето кај Грција по продолжение со 97-92, сепак Србите, остануваат на третата позиција во групата 1. Тоа пред се благодарение на поразот на Турција и тоа на домашен терен од Летонија со 74-83, по што Турците заостанаа две победи зад Србите на коло до крајот на квалификациите и ги загубија шансите за пласман на Мундијалот.
Србите сега го чекаат исходот од дуелот што е во тек меѓу Велика Британија и Белгија во кој доколку гостите забележат победа ќе бидат на една победа зад Србија која во таков случај во понеделник ќе треба да ја совлада Велика Британија на домашен терен. Грците пласман понатаму обезбеди и Летонија која е прво рангирана во оваа конкуренција.
И покрај поразот на гостувањето кај Естонија, репрезентацијата на Словенија заедно со Финска и Германија ги осигураа првите три позиции во втората групата
Во другите две групи останува по уште едно слободно место,
Пласманот СП од групата 3 веќе обезбедија, Франција и Литванија, додека утре по натпреварите Црна Гора – Чешка и Унгарија – БиХ ќе се решава третиот патник од оваа конкуренција.
Во последната, европскиот првак Шпанија и селекцијата на Италија се сигурни на првите две места, а за третото во директна пресметка ќе решаваат Грузија и Исланд, во натпреварот закажан за во недела.
Светското кошаркарско првенство чиј домаќини ќе бидат, Јапонија, Индонезија и Филипини ќе се одржи од 25 август до 10 септември