Рома и Р. Сосиедаде нај атрактивната двојка во осминафиналето во второто по квалитет европско клупско натпреварување, Лига Европа.

Откако синоќа беа одиграни реванш дуелите од првата елиминациска рунда на денешната ждрепка во седиштето на УЕФА беа одредени двојките за осминафиналето.

Тимот предводен од Жозе Мурињо ќе има тешка задача во дуелот со шпанскиот претставник кој сезонава игра во одлична форма и е веднаш зад водечката двојка во Ла Лига, Барселона и Реал Мадрид.

Најтрофејниот тим во ова натпреварување Севиља за противник ќе ја има екипата на Фенербахче, а Манчестер Јунајтед кој ја елиминира Барселона ќе игра против Р. Бетис.

ЛИГА НА ЕВРОПА – ОСМИНАФИНАЛЕ
СЕВИЉА – ФЕНЕРБАХЧЕ
ЈУВЕНТУС – ФРАЈБУРГ
БАЕР Л – ФЕРЕНЦВАРОШ
СПОРТИНГ Л. – АРСЕНАЛ
МАНЧЕСЕТР Ј. – Р. БЕТИС
РОМА – Р. СОСИЕДАД
УНИОН БЕРЛИН – УНИОН СТ. ЖИЛАС
ШАХТЈОР – ФЕЕНОРД

Првите натпревари на програмата се на 9-ти, а реванш дуелите ќе се играат на 16-ти март.