Калин Ивановски бележи нов најдобар пласман на тениската АТП ранг листа.
Најдобриот македонски тенисер на денешното АТП рангирање се наоѓа на 478-то место. Тоа е за 16 позиции подобро од претходната седмица кога беше на 494-тата позиција.
За Калин ова е трета седмица под границата од 500, која ја минува по неколкуте успешни настапи на челенџер турнирите во Монастир, Турција каде во два наврати играше финале, а еднаш беше полуфиналист.
Доколку Калин продолжи во ваков ритам, а се надеваме и подобар, тогаш може да очекуваме, во догледно време да ги достигне остварувањата на Предраг Русевски кој сеуште е најдобриот македонски тенисер кога во прашање е ранкингот.
Русевски во 2008 година се наоѓаше на 242-та позиција на листата, на која Александар Китинов на 296-ти, Лазар Магдинчев во 2005 година беше рангиран на 339-тото место.