,,Старата Дама” според планираното лесно се справи со Специја и со 0-2 запиша нови три бода.
Моис Кин го отвори резултатот во 38-та минута по одлична асистенција на Филип Костиќ.
Конечните 0-2 ги постави резервистот на Макс Алегри, Аргентинецот Анхел Ди Марија во 74-тата минута кога со убав удар од 20 метри го ,,матираше” противничкиот голман.
На овој натпревар кам-бек на терените имаше и Леонардо Бонучи, кој поради повреда беше надвор од терените повеќе од два месеци.
За Јувентус ова е трета победа во низа со која полека почна га до подобрува своето место на табелата, па со 32 бода сега е на седмата позиција.