Каталонскиот тим според очекувањата лесно со 2-0 дојде до победа на домашен терен против Кадиз и ја продолжи серијата од седум победи во низа во Шпанската Примера.
Тимот предводен од Чави кон крајот на првото полувреме со два лесни гола успеа да го скрши отпорот на Кадиз, па со головите на Серџи Роберто во 43-тата и Роберт Левандовски во 45-тата дојде до сигурна посредност од 2-0.
Иако Барселона имаше уште неколку прилики за гол, сепак мрежите во второто полувреме мируваа па резултатот остана непроменет, 2-0.
Со оваа победа Барса која е лидер на табелата, повторно има осум бодови повеќе од големиот конкурент Реал Мадрид, кој во наредниот период го очекува „пеколен“ ритам од три натпревари,
Во вторник (21 февруари) Реал гостува на „Енфилд“ кај Ливерпул во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите, а потоа во сабота (25 февруари) го игра градското дерби со Атлетико, за на 2 март да го одигра популарното „Ел Класико“ односно дербито со Барса и тоа во Мадрид.