Дерби дуелот од првото „пролетно“ вкупно 19-коло на Првата македонска фудбалска лига му припадна на шампионот Шкупи ја победи Шкендија.

На средбата одиграна во Кичево актуелниот шампион Шкупи славеше над Шкендија со 2-0 со головите на Алварез во 36-тата минута и Трапановски во судиското дополнение (90-3).

Со оваа победа како и нерешениот исход на мечот во Кавадарци каде Струга Т.Л. одигра 1-1 со Тиквеш, екипата на Шкупи сега се долижи на само бода негатива во однос на првопласираната Струга.

Гостински победи остварија Академија Пандев и Работнички, а дуелот во Штип беше единствениот на кој мрежите мируваа. Слободна во ова коло беше екипата на Силекс.

Комплетни резултати од 9.коло во ПМФЛ

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 1-0
ТИКВЕШ – СТРУГА Т.Л. 1-1
МАКЕДОНИЈА ЃП – А. ПАНДЕВ 0-1
ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ 0-2
БРЕГАЛНИЦА – СКОПЈЕ 0-0

ТАБЕЛА
1 Струга Т.Л. 37
2 Шкупи 34
3 Шкендија 28
4 Тиквеш 26
5 Силекс 26
6 Брегалница 21
7 Македонија ЃП 20
8 Работнички 18
9 Победа 13
10 Академија Пандев 12
11 Скопје 11