Женската фудбалска репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз на меѓународниот турни во Аланија, Турција.
Откако избраничките на селекторот Кирил Изов загубија од Замбија со минимални 1-0, денеска тие се поразени и од Бургија со 2:1.
Иако нашата селекција прва поведе уште во 9-тата минута со голот на Гентијана Рочи, сепак во продолжението прими два гола, првиот во 15.минута стрелец беше Александра Јанева, а вториот преку Евдокија Попадинова во самата завршница односно 87-та минута, со што го впиша и вториот пораз на овој турнир.
Следната, воедно и последна контрола, македонските фудбалерки ќе ја имаат во вторник против Естонија.