Францускиот дефанзивец во редовите на Баерн, Упамекано, направи непромислен потег и заради жесток старт уште во 8-та минута заработи исклучување. Ваквиот тек на настаните го искористи Борусија Менхенгладбах и славеше голема победа против лидерот на табелата, Баерн Минхен со 3-1.
Само две минути проверката на ВАР и потврдата на црвениот картон на Упамекано, Борусија М. ја искористи бројчаната предност и во 13. минута преку Стиндл дојде до предност.
Исклучувањето на Упамекано го принуди Нагелсман да ја менува концепцијата на игра и да го повлече Томас Милер во 16-тата минута, на чие место влезе Кансело.
Откако Стиндл пропушти шанса по втор пат да го совлада Зомер во 24-тата минута, казната стигна преку Чупо Мотинг, кој донесе изедначување за Баерн.
Каудио Коне пропушти две големи прилики до крајот на натпреварот да ја врати предноста на Борусија М. па на полувреме се замина со 1-1.
Иако Баерн прв се закани во второто полувреме преку Џошуа Кимих кој со одличен шут во 49-тата минута ја погоди пречката, сепак домаќините повторно први го најдоа патот до голот на Баерн и дојдоа до предност. Јонас Хофман на одлична асистенција на Плеа го матираше Зомер во 53-тата минута.
Баерн фрли се на една карта и се обиде да дојде до изедначување и евентуално реми, но игачката предност на Борусија М. беше очигледна а стрелецот на вториот погодок Јонас Хофман во 84-тата минута беше во улога на асистент, кога со одлично додавање го пронајде Маркус Тирам, кој со прецизен шут ја зголеми предноста на својот тим на 3-1.
Резервистот на Нагелсман, тинејџерот Матис Тил, во 93-тата минута на додавање на Дејвис намали на 3-2, но тоа беше се што Баерн можеше да направи, па победата остана во рацете на Борисија Менхегладбах.