Марко Одермат го освои вториот златен медал на Светското првенство Франција,
Швајцарецот кој беше најдобар во спустот, денеска беше најдобар и во велеслалом, со што стана само петтиот скијач во историјата на Мундијалите кој освоил злато во на едно првенство во овие две дисциплини.
Зад Одермат завршија неговиот сонародник Лоик Меилар и Австриецот, Марко Шварц кои се закитија со среброто и бронзата.
На денешниот велеслалом единствениот македонски претставник Мирко Лазарески остана без пласман по првата трка.