На Светското првенство во скијање што се одржува во француските ски-центри Куршевел и Мерибел, денеска на програмата е машкиот велеслалом.
на првата трка на која најбрзо време оствари Австриецот, Марко Шварц кој ќе води жестока битка за медалите со Швајцарецот, Марко Одермат и Жан Крањец од Словенија, настапи и македонскиот скијач Мирко Лазарески.
19-годишниот Марко кој беше наш единствен претставник на ова трка, не успеа да стигне до целта и остана без пласман.
Инаку, Лазарески беше единствениот македонски скијач кој вчера успеа да ги мине квалификациите и како 34-ти во конкуренција на 107 натпреварувачи да обезбеди пласман во денешната трка.
Во вчерашните квалификации покрај Марко настапија уште тројца македонски скијачи, Виктор Петков, Јаков Добрески и Борјан Стрезоски, но не успеаја да ги минат.