Вториот четвртфинален пар во кошаркарскиот Куп на Македонија го сочинуваат екипите на Феникс и Гостивар.
Од таборот на минатогодишниот дебитант, Феникс најавуваат дека нивна цел во вториот свој настап во ова натпреварување, е играњето во завршниот меч за трофејот, односно финалето.
„Минатата година бевме дебитанти изгубивме од МЗТ, во полуфиналето, но годинава сме дојдени овде да играме во финалето“, амбициозно најавува Денис Дервишевиќ, тренерот на Феникс.
Амбициите за ново полуфинале секако се должат на убедливата победа над Гостивар во првенствениот меѓусебен дуел, тим кој од кој велат дека „лекцијата“ е научена и дека нема да ја повторат грешката.
“Ги анализиравме грешките од поразот што го претрпевме во првенствениот натпревар, па сега знаеме што нé чека и овојпат убедени сме во победата“, вели Љупчо Малинков тренерот на Гостивар.
Натпреварот меѓу овие две екипи на програмата е во четврток од 14:30 часот.