Од четврток до сабота во спортскиот центар „Кале“ (голема сала) ќе се играат завршните натпревари на годинашното издание на кошаркарскиот Куп на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур 2023“ во двете конкуренции.


Трофејот од минатата година го бранат екипите на ТФТ Моцарт кај мажите и Баскет Кам од Македонска каменица кај дамите.


Од Кошаркарската федерација на Македонија, на денешната средба на која 12-те екипи учесници, ги искажаа своите очекувања, информираа дека влезот за сите натпревари ќе биде слободен.

Според програмата во четврток ќе се играат четвртфиналните натпревари во машка конкуренција, по што во петок прво дамите, а потоа и мажите ќе ги одиграат полуфиналните дуели.

Сабота е резервирана за финалните средби во двете конкуренции.


Комплетниот распоред и сатница на натпреварите може да ги видите овде.