Тимот на Рајо Ваљекано остана без победа на гостувањето во 21.коло од Ла Лига кај Гетафе. По грешката на македонскиот голман репрезентативец Столе Димитриевски во 77.минута домашниот тим преку Енес Унал, кој беше на вистиснкото место и постави блок по што топката заврши во мрежата на Димитриевски. Инаку, гостите од 38.та минута имаа водстото по автоголот на Арамбари.
Натпреварот го одбележаа и двата неискористени пенали по еден за двата тима – Мајорал 50.та минута (Гетафе) и де Томас 87.минута (Рајо). Домашниот тим последните 35.минути ги играше со играч помалку по исклучувањето на Алена.
Инаку, Димитриевски имаше вкупно три одбрани, а една веднаш по примениот гол.
Рајо на Димитриевски со 33 бодови е на 6.место на табелата, додека остана на претпоследното место и ја продолжи серијата натпревари без пораз.