Само три дена откако ја совлада БиХ, што по пауза од 10 години беше прва победа на официјален натпревар, женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија претрпе вистинска „катастрофа“.
На натпреварат одигран во СЦ „Кале“ во Скопје, а во рамките од последното 6.коло на А групата, во квалификациите за ЕП 2023 година, нашите кошаркарки се поразени од фаворитот Белгија со 59 поени разлика 43-102.
Целата работа беше јасна во воведната четвртина а која гостинките поведоа со 23-0, па на паузата заминаа со идентична разлика 28-5. Во продолжението Белгијките рутинирано ја зголемуваат предноста за на крајот да слава со убедливи 59 разлика.
Фактографски. Пет кошаркарки во победничката екипа средбата ја завршија со двоцифрен број на поени, а најмногу 17 постигна Ема Мисеман.
Во нашиот табор, капитенката Анџелика Митрашиновиќ постигна 15, а Јелена Антиќ 10 поени.
Така Македонија овие квалификации ги завршува со една победа и пет порази и само 6 освоени бодови, како последно пласирана во групата во која Белгија е убедливо прва „скор”’ пет победи и еден пораз односно 11, и ќе заврши пред Германија и БиХ кои во овие моменти го играат својот натпревар од последното коло.