Пред самиот стар на продолжувањето на сезоната во домашното ракометно првенство, екипата на РК Алкалоид која е дебитант во елитната конкуренција и официјално го претстави четворицата свои нови членови.
Станува збор за тројца македонски репрезентативци, Иван Џонов, Давид Савревски, Костадин Петров, а ним им се приклучи и Дамјан Митев.
Со ова тимот кој е предводен од селекторот на македонската репрезентација Кирил Лазаров, кој е веднаш зад главните фаворити за трофејот во плејоф конкуренцијата, Вардар и Еурофарм Пелистер и тоа со само еден бод заостанување, во продолжението на сезоната ќе се обиде да им ги замрси сметките на фаворитите за освојувањето на трофеите.
Со овие четворица играчи нашиот стручен штаб ќе добие повеќе опции за игра и тимот ќе стане поконкурентен во плејоф-натпреварувањето од Суперлигата, во кое ќе играат осумте најдобри екипи во Македонија, велат од таборот на “Фармацевтите’
Во првата рунда од плеј-офот Алкалоид гостува во Неготино кај Вардар.