Македонскиот теквондист, Дејан Георгиевски, со победа ги почна настапите на престижниот ,,Президент Куп” во Истанбул, Турција.
Георгеивски поради високиот рејтинг и статусот носител беше слободен во првото коло, а во второто коло со 2-0 во вкупен резултат по рунди (4-0, 11-0) го совлада претставникот од Азeрбеjџан, Бадриалиабади.
Следен противник на Георгиевски во третото коло е Турчинот, Демирчиоглу, кој во претходното коло го совлада Украинецот, Харбар.