Тимот на Мајорка приреди изненадување и го совладаа Кралскиот клуб, Реал Мадрид со 1-0.
Домаќините поведоа уште во тринаесеттата минута кога несреќниот Начо си постигна автогол.
,,Кралевите” ja презедоа контролата врз натпреварот, се редеа шанси до крајот на полувремето, но момците на Анчелоти никако не можеа да го најдат патот до противничката мрежа.
Во вториот дел српскиот голман, Рајковиќ направи прекршок за пенал. Одговорноста ја презеде Марко Асенсио, меѓутоа Србинот се искупи за направената грешка и му го одбрани пеналот.
Резултатот остана непроменет до последниот судиски свиреж, а Реал загуби драгоцени бодови во борбата за титулата.