Македонскиот тенисер Калин Ивановски избори ново полуфинале на фјучрс турнир во Монастир, Тунис. Тој денеска со 2-0 го победи Французинот Артур Букие со 2-0 во сетови (6:2 и 7:5) за 1 час и 20 минути игра. Ивановски со овој триумф ја потврди добрата форма откако претходниот викенд играше во финале на фјучрс во Тунис.
Нашиот тенисер направи четири брејка во текот на мечот. Утре во полуфиналето ќе игра против седмиот носител Фредерико Јанаконе од Италија.
Калин Ивановски на овој фјучрс е прв фаворит односно е рангиран како прв носител