Финансиските проблеми, неизвесноста, долговите кои се голем проблем за ФК Вардар, беа причина добар дел од играчкиот кадар кој го носеше црвено – црниот дрес во есенскиот дел, во текот на зимскиот преоден рок да го напушти најтрофејниот македонски тим.
Денес, конечно по подолго време стигнаа позитивни вести од Вардаровиот табор. Имено клубот на официјалната страна објави дека се потпишани договори со двајца нови фудбалери, кои треба да пополнат дел испразнетите места по низата заминувања, особено во нападот.
Станува збор за 23-годишното лево крило Дарко Размоски, кој доаѓа од ГФК Охрид и Дејан Цветаноски, 32-годишниот центарфор, кој доаѓа по разделбата со Силекс. Размоски и Цветаноски треба да бидат замена за Симе Христов, Никола Величковски и Кире Маркоски кои го напуштија клубот.