Сините од Лондон во зимскиот преоден рок потрошија цело богатство за засилувања, а нивните две последни засилување Мудрик и Ензо Фернандез заедно чинеа повеќе од 200 милиони евра. Меѓутоа ниту едниот ниту другиот вечерва не беа доволни за тимот на Потер да го совлада Фулам.
Во еден тврд натпревар на два тима со речиси идентичен скор оваа сезона, Челзи имаше нешто повеќе од инцијативата на теренот, но двата шута во рамките на противничкиот гол и стативата на Каи Хаверц не беа доволни за три бода, што значење ново разочарување за навивачите на Челзи.
Со оваа реми Фулам со 32 бода е на шестата позиција, додека пак Челзи со два бода помалку е на деветтата, но и двата тима имаат повеќе натпревари во однос на тимовите околу нив, па можно е нивниот пласман на табелата да биде полош по завршувањето на натпреварите овој викенд.