Бранителот на титулата на Африканскиот Куп на Нациите, селекцијата на Сенегал, со минимален триумф над Мадагаскар од 1-0 се пласира во финалето.
Стрелец на победничкиот гол за Сенегал беше Папе Диало, кој уште во 5-тата минута го отвори резултатот. И двете селекции имаа свои шанси во продолжението на мечот, но резултатот остана непроменет, со што Сенегал се пласира во големото финале.
Во финалето ќе се сретнат Сенегал и Алжир, а репрезентацијата на Сенегал ќе има можност да ја одбрани титулата и со тоа ја освои втората титула во својата историја во ова натпреварување.
Финалето ќе се игра на 4-ти Февруари.