Репрезентациите на Шпанија и на Данска ќе играат во полуфиналето на Светското првенство во рамокет откако во четвртфиналните дуели ги совладаа Норвешка односно Унгарија.
Шпанија по четири продолженија ја совлада Норвешка со 35:34 пред се благодарение на одличниот голман Де Варгас кој дуелот го заврши со 16 одбрани. Во клучните моменти Даниел Душебаев постигнуваше голови за „црвената фурија“ најпрвин за изедначување 25:25 во 60.та минута и потоа за голот за победа на крајот од продолженијата.
Светскиот првак Данска „си поигруваше“ со Унгарија и на крајот славеше победа со 40:23. Со оваа победа Данска е најдобрата селекција и постави рекорд со низа од 26 натпревари без пораз на светските првенства.
Во полуфиналето Данска ќе игра против Шпанија.