Кошаркарите на Пелистер ја забележаа петата победа во АБА2 лигата.
Во првиот свој настап на турнирот во Бања Лука, пелистерци славеа убедлива победа над босанскиот претставки Спарс Илиџа со 99-71.
Освен првиот период кој го доби тимот на Спарс со 28-23, во останатите три избраниците на тренерот Марјан Илиевски беа доминантни, па од минута во минута ја зголемуваат предноста, за на крајот да слават со убедливи 28 поени разлика.
Петмина играчи кај „зелените“ средбата ја завршија со двоцифрен број на поени. Најмногу 23 постигна Американецот, Карпентер, додека Караџовски имаше еден помалку (22). Крутерс постигна со 19, Хаџифејзовиќ придодаде 16, а новото засилување, македонскиот репрезентативец, Маслико реализира 12 поени.
Ова беше натпревар од 8.коло, во кое вчера вториот македонски претставник тимот на ТФТ загуби од Шенчур од Словенија со 74-91.
Утре скопската екипа ќе игра против Широки од 15 часот, термин во кој ден подоцна Пелистер се среќава со црногорската екипа Сутјеска.