Францускиот напаѓач Килиан Мбапе со пет постигнати голови беше најзаслужен за, убедливата, но и очекувана победа на ПСЖ во натпреварот против аматерите на Пеи де Кастел со 8-0, а во рамките од 1/16-финалната рунда во францускиот фудбалски Куп.
Мбапе во периодот од 29-тата до 40-минута на првиот дел веќе имаше хет-три, а во второто полувреме, уште два пати се впиша во листата на стрелци.
За францускиот, голгетер ова е нов личен рекорд на најмногу постигнати голови на еден меч.
Претходно Мбапе во два наврати имаше постигнато по четири гола на еден меч.
За прв пат тоа му успеа во дербито против Олимпик Лион 2018 година дуел кој „светците“ го добија со 5-0, а три години подоцна (2021), за во Мундијалските квалификациски на натпреварот што Франција го доби со 8-0 против Казахстан, Мбапе повторно постигна четири гола.
Сезонава во Килијан има постигнато 13 голови во Лига 1, и е прв стрелец во првенството на Франција.