Македонскиот репрезентативец, Јани Атанасов, во зимскиот преоден рок ја промени средината и се пресели во редовите на полска Краковија.
Од порано беше познато дека ”љубовта” на Атанасов и Хајдук заврши и дека Македонецот ќе треба да бара нова средина. Со оглед на тоа дека Јани одби да го продолжи договорот, беше изоставен од подготовките на Сплитски Хајдук, со што јасно му беше ставено до знаење дека нема да биде во комбинација за вториот дел од сезоната.
Атанасов потпиша договор на 3,5 години, а во Краковија ќе го носи дресот со број 6.
Во досегашната кариера, освен за Хајдук, Атанасов настапуваше и за Бурсаспор и Академија Пандев.