Избраниците на Антонио Конте, ја прекинаа серијата од два порази и со победа на незгодното гостување кај Фулам од 0-1, повторно фатија приклучок во борбата за првите четири позиции на табелата.
Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше, Англискиот напаѓач, Хари Кејн, кој во судиското продолжение во првото полувреме ја затресе мрежата на Бернд Лено и дојде до својот 16-ти погодок оваа сезона, со што е втор стрелец во лигата, зад Халанд со 25.
Кејн се израмни на вечната клупска листа со Џими Гривс, како најдобар стрелец во историјата на клубот
Со оваа победа, Тотенхем дојде до 35 освоени бода, три помалку во однос на трето и четврто пласираните, Њукасл и Манчестер Јунајтед, со тоа што ,,Петлите” имаат и натпревар повеќе.