Барселона продолжува со одличните изданија во Примера и запиша нова победа, овој пат над Хетафе со 1-0.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот во 35-тата минута беше младиот Шпанец, Педри. За Педри ова е четврти погодок оваа сезона, со што го надмина неговиот учинок од претходната сезона во кој постигна три.
Oваа победа за избраниците на Чави, е вкупно 14 сезонава, а со 44 бода се на прво место со 6 повеќе во однос на Реал Мадрид, кој вечерва има незгодно гостување кај Атлетик Билбао.