Спектакуларен натпревар во рамките на 19 коло во Серија А, одиграа Јувентус и Аталанта. Во натпревар со 6 погодоци, два престврта, Јувентус и Аталанта ги поделија бодовите и одиграа нерешено 3-3.
Лукман во четвртата минута од натпреварот донесе водство за гостите од Бергамо и ги најави возбудувањата кои следеа. Анхел Ди Марија со гол од белата точка донесе изедначување за Јувентус во 24-тата минута, за да 9минути подоцна Арек Милик режира целосен пресврт и водство од 2-1 за домаќините.
Возбудувањата продолжија и во второто полувреме, кога за осум минути гостите преку Хаоким Меле и Лукман направија целосен пресврт и водство од 2-3 за Аталанта.
Јувентус не се откажуваше, ја презеде иницијативата на натпреварот а тоа резултираше со ново изедначување и тоа преку Данило, кој со одличен гол го совлада, Хуан Мусо.
Возбудувањата продолжија до крајот на натпреварот, но нова промена на резултатот немаше и двата тима на крајот мораа да се задоволат со по еден освоен бод.