Вистински шок доживеа Италијанскиот гигант, Јувентус, откако денес федералниот суд донесе одлука со која на тимот му се одземаат 15 бода во шампионатот на Италија.
Ваквата одлука е резултат на истрагата околу нелагалните трансакции кои ги правел торинскиот гигант за време на ковид пандемијата
Федералниот суд во истрагата ,,призма” успеа да обезбеди доволно докази за нелагални трансфери на пари кои беа доволни да се усвои барањето за казна
Дополнително судот ги суспендираше и поранешниот спортски директор на клубот Фабио Паратичи на две и пол години, поранешниот претседател на клубот Андреа Ањели е суспендиран на исто толку, како и Маурицио Аривабене. Казна од 16 месеци доби и Федерико Черубини, спортски директор во клубот. Забрана за вршење каква било функција во фудбалот доби и поранешниот играч и потпретседател на клубот Павел Недвед
Со оваа казна, Јувентус има 22 бода и е на 11-тото место
Тимот има право на жалба, а целосната разврска на случајот се очекува во наредниот период