Единствениот женски македонски претставник на европската ракометна сцена, Ѓорче Петров го заврши својот настап во ЕХФ Купот.
Ѓорчепетровки се елиминирани во осминафиналето на ова натпреварување.
Иако на двата натпревари против полскиот тим Јарослав играа на домашен терен во салата Автокоманда, сепак тоа не пресуди околу конечниот епилог.
Младиот тим на Ѓорче Петров го добри првиот меч одигран вчера со еден гол разлика 27-26, но во реваншот одигран вечерва загуби со осмун разл6ка 22-30 (полувреме 7-12).
Така популарните „Лавици“ од Ѓорче го завршија својот настап на европската сцена, на која се прикажаа во добро светло.