Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, во три сета беше подобра од Италијанката Дабора Киеза и се пласираше во полуфиналето на фјучрс турнирот во Талин, Естонија (6:3; 4:6;6:4)
На патот до полуфинаето освен победата над Дабора Киеза, Ѓорческа ги победи и Радка Зелничкова со 2-0 во сетови како и шпанската тенисерка Андреа Лазаро Гарсија со идентичен резултат 2-0
Ѓорческа за пласман во финалето ќе игра против Турчинката Зејнеп Сомнез, 348-то место на ВТА листата